Дома Трансфер зона Реал Мадрид се насочува кон ѕвездата на Дортмунд

Реал Мадрид се насочува кон ѕвездата на Дортмунд

Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд го привлече вниманието на голем број европски гиганти, а последните информации говорат дека се наоѓа на радарот на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баерн Минхен и Челзи веќе подолго време ги следат неговите настапи, но сега и Реал Мадрид се приклучи во траката за неговиот потпис. „Кралевите“ сакаат да го донесат Еден Азар како замена за Роналдо, додека Пулишиќ е „планот Б“.

Меѓутоа, дури и да успеат да донесат една голема ѕвезда, Пулишиќ повторно може да заврши на „Сантиаго Бернабеу“, а за неговиот потпис се спремни да платат 60 милиони евра.

Минатата сезона 19-годишниот Американец одигра 32 меча во Бундес лигата на кои постигна 5 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…