Играчот за врска на Реал Мадрид Тони Крос е позитивен на коронавирус откако од крајот на минатата недела беше во изолација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германецот мораше да оди во изолација затоа што беше во контакт со заразено лице, а четири дена подоцна беше позитивен на коронавирус.
Тоа значи дека Германецот ќе го пропушти одлучувачкиот меч од последното коло во Ла Лига против Виљареал и тоа е голем удар за Зинедин Зидан. Надвор од тимот се уште Карвахал, Варан, Серхио Рамос, Менди, Лукас Васкез, сега дефинитивно отпадна и Крос.
Реал има два бода помалку од Атлетико и ќе стане шампион ако го победи Виљареал, а тимот на Симеоне не победи против Ваљадолид.
Одлучувачките натпревари за титулата на програмата се во сабота од 18:00 часот.