Дома Трансфер зона Реал Мадрид одбил 100 милиони евра за Бејл

Реал Мадрид одбил 100 милиони евра за Бејл

Минатото лето раководството на Реал Мадрид одбило понуда од англиски клуб во висина од 100 милиони евра за Герет Бејл.

Ова го откри поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон за шпанските медиуми.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Познато ми е дека на последниот ден од  трансфер пазрот добивме таква понуда од клуб од Премиерлигата, но од Реал го отфрлија, бидејќи веруваа дека Бејл ќе игра на ниво и во следната сезона“, изјави Калдерон.

Тој не го објави името на англискиот прволигаш кој понудил 100 милиони евра да го врати Бејл во Премиерлигата.

„Не го знам името на клубот, но и да го знам немаше да го обелоденам“, порача поранешниот прв човек на Реал Мадрид.

Пред неколку дена и самиот Бејл призна дека минатото лето дал согласност за трансфер, но клубот му го блокирал трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Три англиски гиганти го сакаат Кварацхелија

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…