Дома Топ вести Реал и Манчестер Јунајтед го сакаат дефанзивецот на Бенфика

Реал и Манчестер Јунајтед го сакаат дефанзивецот на Бенфика

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед покажуваат силен интерес за младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.

Станува збор за 20-годишен централент дефанзивец, кој одигра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Тој веќе е стадарден и во португалската репрезентација, а скаутите на европските гиганти се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се во потрага по квалитетен дефанзивец и ќе се обидат да го донесат Португалецот во јануари.

Меѓутоа, тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Силва има договор со Бенфика до 2027 година, а португалскиот клуб за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…