Дома Фудбал Реал го освои Камп Ноу и се врати на врвот🎥

Реал го освои Камп Ноу и се врати на врвот🎥

Првото овогодишно Ел Класико му припадна на Реал Мадрид, кој славеше на Камп Ноу со 1:2.

Дербито од самиот старт почна возбудливо и со шанси на двете страни. Винисиус ја пропушти наголемата шанса за „кралевите“, а неколку минути подоцна Дест имаше колосална шанса за Каталонците.

Во 35-та минута Реал одигра фантастичен контранапад кој со гол го заврши Алаба, резултат со кој се замина на полувреме.

Барселона се обидуваше да дојде до израмнување во вториот дел, но „кралевите“ добро го контролираа мечот се до 90-та минута кога Лукас Васкез зголеми на 2:0.

Агуеро во 96-та минута ги постави конечните 1:2 со својот прв гол во дресот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…