Дома Трансфер зона Реал го користи Брахим Дијаз како „мамец“ за Белингам

Реал го користи Брахим Дијаз како „мамец“ за Белингам

Шпанскиот гигант Реал Мадрид работи на трансферот на англискиот репрезентативец Џад Белингам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белингам ќе биде примарна трансфер цел на „кралевите“ за следното лето и веќе почнаа да работат на трансферот.

Поради големата конкуренција неговата цена драстично порасна, но Реал сака да ја победи конкуренцијата и веќе спремил понуда.

„Кралевите“ се спремни да понудат 100 милиони евра, плус во трансферот да го вклучат Брахим Дијаз.

Дијаз игра фантастична сезона во дресот на Милан, но е во сопственот на Реал Мадрид, а Борусија Дортмунд покажува сериозен интерес за него.

Реал е спремен да го искористи Дијаз како дел од трансферот на Белингам и така да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…