Дома Трансфер зона Реал ги започна преговорите со Алаба

Реал ги започна преговорите со Алаба

Реал Мадрид е во напредни преговори со играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба, пренесува мадридскиот весник „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Весникот тврди дека преговорите помеѓу Реал и агентот на Алаба се одвиваат многу добро и најверојатно играчот ќе ја продолжи кариерата на „Сантиаго Бернабеу“.

Агентот на Алаба, Пини Захави има одлични односи со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а и самиот играч преферира преселба во Мадрид.

Алаба влезе во последната година од договорот со Баерн и неодамна двете страни ги прекинаа преговорите за продолжување на соработката.

За Алаба интерес покажуваат многу европски гиганти, но Реал победил во трката и ќе потпише преддоговор со играчот во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…