Дома Трансфер зона Реал бара замена за Навас – го сака Пепе Реина

Реал бара замена за Навас – го сака Пепе Реина

Раководството на Реал Мадрид работи на доведување на втор голман, откако Кејлор Навас официјално побара да замине од клубот.

Според шпанските медиуми „кралевите“ бараат голман кој ќе прифати да биде резервна опција, притоа ќе биде искусен и да може Зидан да се потпре на него кога ќе има потреба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според „АС“, прва желба е шпанскиот ветеран и член на Милан, Пепе Реина.

Идејата на Реал е да го донесат Реина на позајмица на една сезона, бидејќи од следната сезона сакаат да сметаат на младиот украински голман Андеј Лунин, кој беше испратен на позајмица во Ваљадолид.

Реина е втор голман на Милан, па доколку „росонерите“ не го продадат Донарума до крајот на сезоната, ќе бидат спремни да го испратат Шпанецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…