Дома Фудбал Германија Реакцијата на Кејн кога му стана јасно дека и оваа сезона ќе остане без трофеј

Реакцијата на Кејн кога му стана јасно дека и оваа сезона ќе остане без трофеј

Хари Кејн во кариерата постигна повеќе од 400 голови, најмногу во Тотенхем каде што одигра и 435 натпревари, но никогаш во кариерата иако има веќе 30 години не освоил трофеј.

Без трофеј Кејн остана и по првата сезона во Баерн Минхен. Вториот најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата (Алан Ширер 260, Кејн 213) во летниот преоден рок направи трансфер во Баерн за сума од 100 милиони евра, плус десет кои би се исплатиле преку бонуси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


До оваа сезона Баерн ја освојуваше Бундеслигата 11 пати во низа и се очекуваше Кејн конечно да освои некаков трофеј во кариерата. Со Тотенхем играше финале во Лигата на шампионите, двапати беше финалист во ЕФЛ Купот, а со репрезентацијата на Англија втор на Еуро 2020 и трет во Лигата на Нации 2018/2019 година.

По губењето на титулата во Бундеслигата и претходно елиминацијата од Купот на Германија, вчера пропадна и последната можност на Кејн за трофеј. Камерите ја забележаа неговата реакција кога Баерн остана без шанси за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…