Дома Фудбал Рафиња надвор од стројот уште пола година

Рафиња надвор од стројот уште пола година

Бразилскиот фудбалер Рафиња нема да може да игра во наредните пола година после операцијата на лигаментите на коленото, соопшти медицинскиот тим на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рафиња тешката повреда ја заработи на натпреварот со Атлетико Мадрид на 11. ноември. Тогаш почуствува болка, но го издржа натпреварот до крајот, иако веројатно беше подобро веднаш да ја напушти играта.

После ова, Рафиња ги пропушти натпреварите со ПСВ и Виљареал, а пред неколку дена го подлегна на операција.

„Операцијата на левото колено помина успешно. Се очекува Рафиња да биде надвор од теренот шест месеци.“ – порачаа од Барселона.

Рафиња со години наназад има проблеми со повреди на колената, а веќе имаше слично тешка повреда на десното колено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јан Диоманде со големи очекувања во Реал Мадрид: „Кога ве повикува најголемиот клуб, тешко е да кажете НЕ“

Реал Мадрид го доби едно од најзвучните млади засилувања ова лето. 19-годишниот Јан Диоман…