Дома Македонски спорт Мак ракомет Раул Гонзалес замина: Македонија остана без „Ел Команданте“

Раул Гонзалес замина: Македонија остана без „Ел Команданте“

Раул Гонсалес од денеска веќе не е селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, потврдија од Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанскиот стратег спогодбено ја раскинал соработката со Ракометната федерација на Македонија, една недела по завршувањето на Светското првенство, каде што македонската селекција го освои скромното 15-то место.

„Ракометната федерација на Македонија и Раул Гонсалес заемно се спогодија да ја прекинат соработката. Поради потребата од селектор кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и поради оддалеченоста и професионалните клупски обврски на Гонсалес, двете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, соопшти РФМ.

Раул беше на кормилото на репрезентацијата од 2017 година и ја водеше Македонија и на Европското пренство во Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…