Лидерот во Примера, Атлетико Мадрид на лето спрема голема реконструкција на тимот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот Симеоне ќе им ја отвори излезната врата на дури седум фудбалери.
Според пишувањето на „Кадена Сер“ меѓу фудбалерите кои можат да го напуштат Атлетико се и две големи ѕвезди, Хозе Марија Хименез и Саул Нигез, како и група на фудбалери кои не добиваат голема минутажа – Врсаљко, Тореира, Витоло и Муса Дембеле.
Атлетико се наоѓа во финансиски проблеми, па планира со продажбата на овие фудбалери да го финансира летниот трансфер пазар.