Дома Фудбал Англија Рангник доби работна виза, но нема да го води Јунајтед вечерва

Рангник доби работна виза, но нема да го води Јунајтед вечерва

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник доби работна виза за Велика Британија и официјално може да ја започне работата во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот ќе го замени на тренерското столче Оле Гунер Солскјер до крајот на сезоната, а потоа ќе остане на „Олд Трафорд“ како консултант за трансфери.

Тоа што се уште немаше добиено работна виза му попречи да ги води тренинзите во својата прва недела. Поради тоа тимот вечерва против Арсенал повторно ќе биде предводен од Мајкл Карик.

Рангник првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед ќе ја има во петок, а своето деби ќе го има против Кристал Палас во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на Норвешка го објасни потегот којшто ја шокираше планетата

Селекторот на Норвешка Стале Солбакен објасни дека одлуката да излезе со речиси целосно из…