Дома Фудбал Останато Рамос нема вечерва да дебитира за ПСЖ

Рамос нема вечерва да дебитира за ПСЖ

Серхио Рамос на почетокот на овој месец го напушти Реал Мадрид и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рамос во ПСЖ потпиша договор на две години и се очекува да биде големо засилување за одбраната на францускиот клуб.

35 годишниот дефанзивец се приклучи на припремите на ПСЖ и се очекуваше вечерва да дебитира за ПСЖ, но тоа нема да се случи.

Рамос веќе пропушти три припремни натпревари затоа што Покетино не сакаше ништо да ризикува поради проблемите со коленото, но се најавуваше дека вечерва ќе игра.

Сепак, денес од францускиот клуб потврдија дека Рамос нема да биде во конкуренција за овој натпревар затоа што се уште има проблем со повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави првиот фаворит: Еве каде може Влаховиќ да продолжи

Вчера конечно беше решена една дилема. Душан Влаховиќ го напушта Јувентус како слободен иг…