Дома Фудбал Рамос: Главата и срцето ми се веќе на „Ел Класико“

Рамос: Главата и срцето ми се веќе на „Ел Класико“

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос по поразот од Манчестер Сити во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, се насочува кон претстојното големо дерби со Барселона.

33-годишниот дефанзивец неславно го заврши синоќешниот меч и беше исклучен поради стартот над Габриел Жесус, па ќе го пропушти реванот во Манчестер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веднаш после тешкиот пораз Рамос се огласи на социјалните мрежи и испрати капитенска порака пред Ел Класико.

„По многу тешката вечер, гледам две опции: да се размислува за вчерашниот пораз или да се работи на следната победа. Го избирам вториот. Моето срце и глава веќе се на „Ел класико“, истакна Рамос.

Големото Ел Класико ќе се игра во недела во Мадрид, а после 25 кола во Примера Барселона е лидер со 55 бода, Реал Мадрид е втор со 53.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…