Дома Фудбал Рамос во солзи се прости од Реал: Еден ден ќе се вратам!🎥

Рамос во солзи се прости од Реал: Еден ден ќе се вратам!🎥

На Серхио Рамос тешко му падна заминувањето од Реал Мадрид после цели 16 години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Легендарниот капитен денес на пресконференција потврди дека заминува од Реал Мадрид и не можеше да ги задржи солзите.

Рамос призна дека е многу тешко да се напушти „кралскиот“ клуб и вети дека еден ден сигурно ќе се врати во клубот.

„Бев дете кога пристигнав во Реал. Ќе се вратам еден ден, сигурен сум. Благодарам Реал, секогаш ќе те носам во срце“, истакна Рамос пред да го совладаат емоциите.

Рамос со Реал освои 22 трофеи, меѓу кои 4 во Лигата на шампиони. Одигра 671 натпревар на кои постигна 101 гол и запиша 40 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гризман со солзи се прости од Атлетико: Простете, Барселона беше грешка

ФРАНЦУСКИОТ фудбалер Антоан Гризман ја одигра својата последна средба за Атлетико Мадрид п…