Дома Трансфер зона Рамос во Саудиска Арабија, но не кај Роналдо – добива договор вреден 100 милиони евра?!

Рамос во Саудиска Арабија, но не кај Роналдо – добива договор вреден 100 милиони евра?!

Серхио Рамос има договор со Пари Сен Жермен до крајот на актуелната сезона, а клубот се уште не му продолжил продолжување на соработката.

Очекувањата се дека понудата за Рамос би можела да стигне на крајот од сезоната, но се појавуваат и други понуди кои можат да направат проблеми на плановите на луѓето во Париз.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според пишувањата на „АС“, Рамос би можел да тргне по стапките на Кристијано Роналдо и да се пресели во Саудиска Арабија, но не во истиот клуб каде што е Португалецот, иако претходно се пишуваше и за такво нешто.

Имено, големиот ривал на Ал Наср, тимот на Ал Хилал би можел да му понуди на Рамос договор вреден 100 милиони евра за соработка на две години, односно 50 милиони евра по годишно.

Во текстот се наведува дека ова би можело да биде продолжување на трендот големите фудбалски имиња да се селат во Саудиска Арабија со цел да се направи притисок врз ФИФА бидејќи оваа земја е кандидат за ко-домаќин на СП 2030 заедно со Египет и Грција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…