Дома Трансфер зона Ракитиќ се враќа во Севиља, пристигна на прегледи

Ракитиќ се враќа во Севиља, пристигна на прегледи

Плејмејкерот на Барселона, Иван Ракитиќ ќе се врати во Севиља од каде пристигна на „Камп Ноу“ во 2014 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според шпанските медиуми двата клуба постигнале договор и Ракитиќ веќе пристигнал на лекарски прегледи во Севиља.

Хрватот последната сезона го загуби местото во првиот тим на Барса, а новиот тренер Роналд Куман му порача дека за него повеќе нема место.

Ракитиќ откако ќе ги мине редовните лекарски прегледи ќе стави потпис на тригодишен договор со Севиља.

Играчот за врска имаше понуди од неколку клубови ширум Европа, но реши да се врати во Севиља каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Севиља сакаше да го донесе Ракитиќ како слободен агент, но според „Мундо Депортиво“ сепак ќе плати симболично обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…