Дома Фудбал Ракитиќ: Не сум 100% сигурен дека Меси ќе остане

Ракитиќ: Не сум 100% сигурен дека Меси ќе остане

rakitic

Хрватскиот фудбалер со последната изјава ги загрижи фановите на каталонскиот гигант.

Што ќе се случи со Лионел Меси?


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Првата ѕвезда на Барселона и репрезентацијата на Аргентина предизвикува страв во Каталонија. Имено, Меси сеуште не го продолжил договорот со Барселона кој му истекува наредното лето.

Хрватот Иван Ракитиќ беше запрашан за ситуацијата во врска со договорот со Меси.

„Се гледаме секој ден. Искрено не сме зборувале за неговиот договор, но имаме меѓусебна доверба. Меси е навистина важен фудбалер за Барселона, а управата на клубот сигурно го знае тоа. Секој може да замине или остане, но Меси е фудбалер за кој верувам дека ќе остане засекогаш во Барселона, изјави Рактиќ.

Сепак, со вториот дел од изјвата Ракитиќ веројатно внесе мала доза на страв помеѓу Каталонците.

„Како што кажав, Меси е дел од клубот. Не можам да кажам дека сум 100% сигурен дека ќе остане. Знам дека навивачите со нетрпение чекаат да го видат со дрес и нов договор. Го сакаме со нас во тимот и во наредните години. Имаме уште многу заедно да освоиме“, порача Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…