Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ ги брои последните денови во Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако со години беше стандарден, оваа сезона во Барселона има маргинална улога, поради што каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека ќе си замине уште во јануари. Во игра се четири клуба, при што Ракитиќ од семејни причини го одбил Манчестер Јунајтед.
Како што стојат работите ќе бира помеѓу Италија и Франција. Во Италија го сакаат Милан и Интер, додека во Франција заинтересиран е ПСЖ. Во изборот на клубот клучна улога ќе одигра и должината на договорот и финансиските услови.