Дома Топ вести Раиола пристигна во Париз: Де Лихт на чекор од ПСЖ (фото)

Раиола пристигна во Париз: Де Лихт на чекор од ПСЖ (фото)

Готово сите еминентни медиуми во Европа утрово пренесоа дека Матијас де Лихт е на чекор од трансфер во ПСЖ.

Агентот на Де Лихт, Мино Раиола е веќе во Париз каде ги договара завршните детали околу трансферот на најбараниот дефанзивец во моментов.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ова е прилично изненадување, затоа што во фудбалската јавност преовладуваше мислењето дека Де Лихт ќе се пресели во редовите на Барселона која веќе имаше договор со Ајакс.

Меѓутоа, пресуден во трансферот е неговиот агент Мино Раиол, кој наводно од „светците“ ќе добие провизија од 15 милиони евра.

Очекувањата се ПСЖ за услугите на Де Лихт да плати 80 милиони евра, а играчот ќе заработува 10 милиони евра годишно во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…