Дома Фудбал Раиола повторно за иднината на Погба: Жалам што клубот не го заштитува

Раиола повторно за иднината на Погба: Жалам што клубот не го заштитува

Овие денови во јавноста многу се пишува за иднината на Пол Погба.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед и тоа неодамна го потврди Мино Раиола кога јавно кажа дека Французинот повеќе не сака да игра за Манчестер Јунајтед.

Сега контроверзниот агент во интервју за медиумот „талкСпорт“ уште еднаш зборуваше за Погба и ситуацијата во која се наоѓа во англискиот клуб.

„Погба не направи ништо лошо. Професионалец е и го почитува клубот во секоја смисла на зборот. Клубот знае што сака, нашите ставови го соопштивме пред подолго време. Навистина жалам што некои луѓе критикуваат без да имаат повеќе информации. Клубот треба да превзема мерки за таквите работи, но и тие засега не прават ништо. Јас се надевам дека наскоро ќе се постигне договор кој ќе ги задоволи двете страни“, изјави Раиола.

Погба во овој момент најмногу се поврзува со враќање во неговиот поранешен клуб, Јувентус од каде што во трансфер вреден 100 милиони евра премина во Манчестер Јунајтед и со Реал

Мадрид. Најголем проблем во неговото заминување изгледа е оштетата која ја бараат „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…