Дома Трансфер зона Раиола: Нејмар не го купи ПСЖ, туку Катар!

Раиола: Нејмар не го купи ПСЖ, туку Катар!

Еден од најпознатите фудбалски агенти, Мино Раиола зборуваше за трансферот на Нејмар и истакна дека Катар преку тој трансфер ја покажал својата моќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раиола тврди дека Нејмар, кој ова лето премина од Барса во ПСЖ за 222 милиони евра, не е купен од клуб туку од држава.

„Сите зборуваат за Нејмар, а забораваат колку пари за него плати Барселона. Со неговиот трансфер ПСЖ ја покажа моќта на Катар бидејќи Нејмар го купи државата, а не клубот. Доколку Зинедин Зидан сè уште беше активен како фудбалер, денес би вредел исто колку Нејмар“, изјави Раиола.

Контроверзниот фудбалски агент ова лето ги наруши односите со Милан, особено со спортскиот директор на „росонерите“ Мирабели.

„Немам ништо лично против Марибели и Фасоне, но едноставно не верувам во нивниот проект. Од трошењето пари некогаш може да ве заболи главата. Не значи дека добро сте купувале само поради тоа што сте потрошиле 220 милиони евра“, истакна Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…