Дома Трансфер зона Размената помеѓу ПСЖ и Јувентус е пред реализација, Тухел потврди: Дадов зелено светло!

Размената помеѓу ПСЖ и Јувентус е пред реализација, Тухел потврди: Дадов зелено светло!

Уште во првите денови од 2020 година се појави информација дека Лајвин Курзава сака да го напушти ПСЖ.

Курзава посака нов предизвик, а италијанскиот новинар Фабрицио Романо тогаш пишуваше дека 27 годишниот бек сака трансфер во Јувентус. Наводно Курзава преку своите агенти сам се понуди на Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега таа желба на изгледа ќе му се исполни. Размената за која вчера започна да се пишува (Курзава – Де Шиљо) е пред реализација. Самиот Тухел потврди дека дал зелено светло за оваа зделка.

„Веќе дадов зелено светло за за таа размена, но се уште нема договор. Ситуацијата е отворена и поради тоа Курзава нема да биде во составот за натпреварот со Лил“, изјави Тухел.

Инаку, Курзава има договор со ПСЖ до лето, додека договорот на Де Шиљо има важност до 2022 година. Исто така треба да се спомене дека Де Шиљо во овој момент се опоравува од повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…