Дома Фудбал Радои: Македонија покажа зошто ќе игра на ЕП

Радои: Македонија покажа зошто ќе игра на ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва беше поразена од Романија со 3:2 во фото финиш натпревар од првото коло во квалификациите за СП.

Селекторот на Романците, Радои имаше само пофални зборови за македонската селекција, а посебна пофалба имаше и за Пандев.

„Ова беше вистински трилер натпревар, мислевме дека лесно ќе го завршиме натпреварот, дека работите одат во наша корист, но на крајот за една минута можевме да загубиме сè што направивме претходните 80 минути. Морам да му честитам и на Горан Пандев, јас немам видено фудбалер на 37 години така да се движи на теренот и да наоѓа простор толку брзо и лесно“, рече Радои.

„Ако ги гледаме првите 80 минути можеме да се надеваме на големи нешто во овие квалификации, но не и оние минути кога ги примивме головите. Во моментов, Македонија има навистина одлични играчи, не е случајно што се има квалификувано на Европското првенство“, додаде тренерот на Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи со четири гола ја освои Монца, но Лоботка заврши во болница

Хојлунд ја прекина серијата од осум меча без гол во победата од 4-1, но славјето на Наполи…