Дома Фудбал Радикален потег: Барселона ја затвора телевизијата и остава 150 луѓе без работа

Радикален потег: Барселона ја затвора телевизијата и остава 150 луѓе без работа

Еден од најпопуларните клубови во светот, Барселона се одлучи на радикална одлука да ја затвори клупската телевизија после цели 24 години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Официјално Барса ТВ ќе престане да се емитува во етерот на 30 јуни, кога истекува договорот со „Мовистар Телевисион“.

Поради затварањето на телевизијата без работа ќе останат околу 150 луѓе, а со тоа клубот ќе ги намали трошоците.

„ФК Барселона го предупреди добавувачот „Телефоника“ дека клубот нема да го продолжи договорот кој истекува на 30-ти јуни“, објави Барселона во своето соопштение.

Телевизискиот канал на Барселона почна да се емитува во јули 1999 година кога претседател на клубот беше Хосеп Луис Нуњез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дешан здивна: Салиба е целосно здрав

Вилјам Салиба е здрав и ќе може да учествува во пријателскиот натпревар на Франција пред М…