Дома Трансфер зона Радамел Фалкао пред потпис на нов договор

Радамел Фалкао пред потпис на нов договор

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао ќе потпише нов договор со Рајо Ваљекано, пренесуваат локалните медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Важечкиот договор на Фалкао истекува на крајот на сезоната, а бидејќи и двете страни се задоволни од соработката таа ќе биде продолжена на уште една година. Според информациите клубот наскоро треба да го соопшти официјализирањето на новата соработка.

Оваа сезона Фалкао го мачат повредите, но по дебито за екипата каде што брани Столе Дмитриевски постигнува пет гола во 334 одиграни минути, односно по еден на секој час. Последен пат во листата на стрелци се запиша на 21. ноември од тогаш на теренот променливо собра 20 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Хуман гест на играчите на Реал за Флик по загубата на неговиот татко

Барселона на својот домашен терен го порази Реал Мадрид со 2:0 благодарение на головите на…