Дома Трансфер зона Радамел Фалкао вечерва ќе го гледа натпреварот Лацио – Милан! – Ќе има ли преговори?

Радамел Фалкао вечерва ќе го гледа натпреварот Лацио – Милан! – Ќе има ли преговори?

Колумбиецот забележан во Рим!

Според пишувањето на „Кориере дело Спорт“ искусниот напаѓач е забележан во престолнината на Италија каде што вечерва ќе присуствува на натпреварот од италијанскиот куп помеѓу Лацио и Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на клубот од „Кнежеството“ ги одигра сите 90 минути во неделната победа над Лион од 2:0 и така конечно после долг период Монако излезе од опасната зона во Лига.

Договорот на Колумбиецот со Монако истекува во 2020 година, но се верува дека ја игра последната сезона на стадионот „Луј II“.

Останува да видиме дали ова негово присуство е поврзано со преговори со некој од двата клуба. Единствено што би можело да направи проблем е високата плата на Фалкао. Колумбиецот во Монако заработува 10 милиони евра по сезона и тешко дека таква плата ќе сака да му обезбеди некој друг клуб.

Фалкао досега во Европа ги бранеше боите на Порто, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челзи и Монако и би било навистина интересно да видиме како во залезот од својата кариера ќе се снајде на „Чизмата“.

Ќе потсетиме медиумите Фалкао пред крајот на минатата година во декември го поврзуваа со заминување од Монако. Тогаш како најсериозен кандидат за негово доведување се истакнуваше турскиот гигант Галатасарај меѓутоа ништо посериозно не се случи во јануарскиот преоден рок.

https://www.youtube.com/watch?v=Me-gAQKyL-M

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…