Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички потпиша професионален договор со талентираниот Теодор Николовски

Работнички потпиша професионален договор со талентираниот Теодор Николовски

Иднината на Работнички е во младите и талентирани фудбалери од сопствената школа. Основниот темел на клубот и понатаму останува црпење на кадри од фудбалската академија, а оваа зима клубот промовира уште еден голем талент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Теодор Николовски потпиша професионален договор со Работнички. Тој веќе подолг период тренира со сениорскиот тим и се стекнува со неопходното искуство, а истовремено игра натпревари со своите врсници во генерацијата.

„Теодор Николовски е еден од најталентираните млади фудбалери во академијата на Работнички и клубот одлучи да му понуди професионален договор. Веруваме дека тој ќе го развие својот талент затоа што има предиспозиции и за голема меѓународна кариера“, вели спорскиот директор Горан Станковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …