Дома Трансфер зона Рабио сака да си оди, мајка му не го пушта назад во Јувентус

Рабио сака да си оди, мајка му не го пушта назад во Јувентус

Адриен Рабио минатото лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но може да го напушти клубот ова лето, пишува „Кориере дело спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот се уште не пристигнал во Торино, иако менаџментот ги повика сите „странци“ кои ја напуштија Италија за време на тешкиот период поради пандемијата од коронавирус.

Мајката на играчот од средниот ред, која исто така е негов агент – Вероника Рабио, сака нејзиниот син да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Таа верува дека Адриен ќе добие поголема плата во Англија отколку таа во Јувентус.

Покрај тоа, во Торино, францускиот фудбалер не добива голема минутажа и не е задоволен од својот статус.

Интерес за Рабио покажуваат Манчестер Јунајтед и Евертон, па Јувентус нема да му стои на патот и ќе му дозволи да замине ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…