Дома Фудбал Репрезентации Пјаниќ: Зошто да играме против Русија кога цел свет страда поради нив?

Пјаниќ: Зошто да играме против Русија кога цел свет страда поради нив?

Репрезентативцот на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ за „ДАЗН“ зборуваше за пријателскиот натпревар кој неговата репрезентација го закажа со Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Додека никој во светот не сака да игра против Русија, Босна закажа пријателски натпревар и тоа предизвика жестоки реакции во јавноста.

Пјаниќ кој веднаш кажа дека е против, уште еднаш истакна зошто не сака да игра против Русија.

„Ме побара спортскиот директор на репрезентацијата и ми кажа за можноста да играм на овој натпревар. Мојот одговор веднаш беше дека нема смисла за такво нешто во овој момент.

УЕФА и ФИФА ја суспендираа, цел свет страда поради ситуацијата и ние да играме против Русија? Немам ништо против руските фудбалери, меѓутоа ако сите одбиваат да играат против нив, мораме да ги следиме“, изјави Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Холанд ја растажи Брегот на Слоновата Коска со доцен гол и обезбеди дуел помеѓу Норвешка и Бразил

Норвешка е петтиот осминафиналист на Мундијалот 2026, откако победи со 2:1 против Брегот н…