Дома Трансфер зона ПСЖ ја најде замената за Мбапе

ПСЖ ја најде замената за Мбапе

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Пари Сент Жермен.

22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата бидејќи бара засилувања во нападот, каде на лето готово сигурно заминуваат Мбапе и Кавани.

ПСЖ е спремен да плати 70 милиони евра за одличниот Уругваец, кој ги воодушеви сите оваа сезона со своите настапи, особено во Лигата на шамиони каде постигна 6 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…