Дома Топ вести ПСЖ ја „краде“ големата желба на Манчестер Јунајтед

ПСЖ ја „краде“ големата желба на Манчестер Јунајтед

ПСЖ сериозно се вклучи во трката за младата ѕвезда на Аталанта, Расмус Хојлунд, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


19-годишниот Данец одигра одлично во првата сезона во Серија А, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.

Тој е голема желба на Манчестер Јунајтед, кој има договор со напаѓачот, но не може да постигне договор со Аталанта.

Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ, кој е во потрага по квалитетен напаѓач, а сега прво име на списокот е токму Хојлунд.

„Светците“ се спремни да ја платат сумата која ја бара Аталанта и сакаат што побрзо да го комплетираат трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…