Барселона не ја започна на најдобар начин новата сезона. Прво остана без еден од најдобрите играчи, а потоа претрпи два порази од Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона синоќа не само што загуби во Мадрид туку покажа бледо лице и фрли сенка на претходните успеси, па сега навивачите се прашуваат во кој правец оди каталонскиот клуб.
Од друга страна, клубот кој и тоа како има вина за падот на Барса, ПСЖ синоќа многу добро се забавуваше. Имено, „светците“ на официјалниот Твитер профил објавија фотографија од Нејмар и тоа токму во моментите додека траеше „Ел Класико“, па многумина тоа го протолкуваа како провикација.
— PSG English (@PSG_English) August 16, 2017
Особено впечатлива беше фотографијата на Нејмар, објавена токму во моментите кога Карим Бензема погоди за 2:0.