Примарна цел на Пари Сент Жермен ова лето ќе биде доведување на врвен дефанзивец кој ќе биде замена за капитенот Тиаго Силва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Француските медиуми пренесуваат дека прв на листата желби е дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар. ПСЖ се откажа од Кулибали поради високата цена, па сега ќе се насочи кон ѕвездата на Интер.
25-годишниот Словак се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Тој има договор до 2023 година и Интер сигурно нема намера да го пушти бидејќи Скриниар е еден од најважните играчи во тимот.
Поради тоа на ПСЖ ќе му биде исклучително тешко да го договори овој трансфер, притоа ќе треба да ја победи големата конкуренција.