Дома Трансфер зона ПСЖ не запира, следен е Погба

ПСЖ не запира, следен е Погба

Пари Сент Жермен е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и не мисли да запре со новите засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После Вајналдум, Донарума и Хакими, „светците“ се во завршни преговори и со Серхио Рамос.

Француските медиуми пренесуваат дека следна трансфер цел на ПСЖ ќе биде Пол Погба, кој влезе во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед.

Раиола имал средба со претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи и разговарале за можноста Погба да се пресели во Париз.

Манчестер Јунајтед се обидува да го убеди Погба да го продолжи договорот, бидејќи во спротивно ќе мора да го продаде ова лето

Медиумите на Островот пренесуваат дека Јунајтед ќе бара 80 милиони евра за слободата на играчот, сума која ПСЖ е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…