Дома Фудбал Франција ПСЖ му поставил ултиматум на Покетино

ПСЖ му поставил ултиматум на Покетино

Веќе долго време се најавува дека во ПСЖ не се задоволни од работата на Маурсио Покетино. Се погласно се шпекулира дека сакаат да го заменат на крајот од сезоната и на негово место да го доведат Зинедин Зидан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последните информации од Франција говорат дека ПСЖ му поставил ултиматум на Покетино. Наводно, ако не го елиминира Реал Мадрид во Лигата на шампионите Аргентинецот може да добие отказ и пред крајот на сезоната.

„Ако не го победиш Реал Мадрид тогаш веднаш си заминуваш“, гласела пораката за Покетино која ја пренесуваат Французите.

Од друга страна Покетино се споменува како можен тренер на Манчестер Јунајтед во наредната сезоната. Ќе потсетиме, Ралф Рагник кој пристигна неодамна е само решение за до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Мереска го продава ланско засилување на Гвардиола од 31.000.000 евра

Голманот на Манчестер Сити, Џејмс Трафорд, наскоро би можел да го засили – Лидс. Как…