Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој и двете страни се далеку од договор.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.




„Росонерите“ му понудија плата од 6,5 милиони евра по сезона, но агентот на Кеси бара платата со бонуси да достигнува до 9 милиони евра.




За Кеси интерес покажуваат неколку европски гиганти, кои сакаат да го донесат без обештетување по завршување на сезоната.




Италијанските медиуми пренесуваат дека најконкретен интерес покажуваат Тотенгем и ПСЖ, кои се спремни да му понудат 10 милиони евра по сезона на Африканецот.




Милан веќе бил информиран за овие понуди и „росонерите“ почнаа да бараат замена бидејќи знаат дека Кеси ќе си замине на крајот на сезоната.
🚨 NEW: Franck Kessié has received contract offers worth €10M from both #thfc and Paris Saint-Germain. | @RudyGaletti
— Daily Hotspur 🇮🇹 (@Daily_Hotspur) December 17, 2021