Дома Фудбал Останато Противникот на Вардар во проблеми, Роберто Манчини се заканува со ОТКАЗ?

Противникот на Вардар во проблеми, Роберто Манчини се заканува со ОТКАЗ?

Првиот противник на македонскиот шампион Вардар, во Лигата на Европа, се соочува со проблеми пред натпреварот помеѓу овие две екипи кој е закажан за 14 септември.

Вардар за нешто повеќе од половина месец го пречекува Зенит на арената „Филип Втори“. Пред овој натпревар рускиот тим би можел да се соочи со промена на тренерската клупа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако на Зенит добро му оди и е лидер на табелата во руското првенство, Роберто Манчини се закани со отказ.

Причина за вакво нешто е незадоволството на Италијанецот од тоа како управата го одработи преодниот рок.

Манчини смета дека клубот не вложил доволно напор да му ги донесе фудбалерите кои беа негова желба, пред се тука се истакнуваат Костас Манолас и Абденур кој дури и пристигнаа на лекарски прегледи во клубот, но на крајот нивните трансфери пропаднаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…