Дома Фудбал Италија Пропадна трансферот на Андре Силва од Милан во Монако!?

Пропадна трансферот на Андре Силва од Милан во Монако!?

Андре Силва требаше да стане нов играч на Монако, но се чини дека неговиот трансфер може да пропадне во последен момент.

Имено, Милан и Монако постигнаа договор според кој Росонерите треба да добијат 30 милиони евра, а Силва замина во Франција за да ги помине лекарските прегледи и потпише за новиот клуб.

Сепак, неколку италијански медиуми пренесуваат информација дека Португалецот не успеал да ги договорил личните услови со францускиот клуб.

Наводно, толку се далеку од тоа да постигнат договор што може да пропадне и целиот трансфер. Некои француски медиуми пишуваат дека договорот дефинитивно пропаднал.

Газета дело Спорт пишува дека причината е лекарските прегледи, а не личните услови.

Силва претходната сезона ја помина на позајмица во Севиља каде одигра 40 натпревари и постигна 11 погодоци, но шпанскиот клуб не одлучи да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната и играчот се врати во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хари Кејн и Баерн седнуваат на маса за преговори

Напаѓачот на Баерн Минхен Хари Кејн откри дека следуваат разговори за продолжување на него…