Дома Македонски спорт Мак ракомет Промена во РФМ: Репрезентациите ќе добијат нов директор

Промена во РФМ: Репрезентациите ќе добијат нов директор

Денес ракометната федерација на Македонија објави дека спогодбено ја раскинува соработката со директорот на репрезентациите, Левче Китевски.

Китевски беше на функцијата директор на машката и женската репрезентација на Македонија, а беше назначен во јуни 2020 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот Директор на машки и женски репрезентации г-дин Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката.

Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година“, соопштија од РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Раде Стојановиќ го објави списокот на младинците за натпреварите со Словенија

Стручниот штаб и селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го обј…