Дома Фудбал Италија Проблеми за Интер пред дербито „дела Мадонина“

Проблеми за Интер пред дербито „дела Мадонина“

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети се соочува со големи проблеми пред дербито со градскиот ривал Милан.

„Нероаѕурите“ најверојатно нема да можат да сметаат на Матијас Весино во недела, бидејќи Уругваецот се повреди со репрезентацијата и не настапи на дешениот меч против Јапонија.

Играчот за врска е една од најважните алки во тимот на Спалети и сигурно тоа ќе биде голем хендикеп за „нероаѕурите“.

„Весино нема да може да игра на пријателскиот меч против Јапонија поради болки во бутниот мускул“, потврдија од уругвајската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ламин Јамал го сруши рекордот на Винисиус

Ламин Јамал го избра стадионот на Севилја за да додаде ново импресивно достигнување во нег…