Дома Фудбал Проблеми за Баерн, се повреди Сане

Проблеми за Баерн, се повреди Сане

Новата ѕвезда на Баерн Минхен, Лерој Сане ќе биде надвор од терените 3 до 4 недели поради повреда на коленото, потврди тренерот Ханзи Флик.

Сане лекуваше повреда на вкрстените лигаменти минатата сезона, додека беше играч на Манчестер Сити, и се уште има проблем со истото колено.

Сане ќе го пропушти дуелот во Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд и дуелот со Херта следниот викенд. Германецот нема да биде повикан и за репрезентацијата за дуелите во Лигата на нации.

Под знак прашалник за Суперкупот е и Давид Алаба, кој има мускулна повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Сити го следат Ливраменто: Договорот е клучот за можен трансфер

Њукасл сака да го задржи Тино Ливраменто, но застој во преговорите за продолжување на дого…