Дома Фудбал Германија Проблеми за Баерн: Павар ја пропушта Лига на шампиони

Проблеми за Баерн: Павар ја пропушта Лига на шампиони

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенжамен Павар ќе паузира од четири до шест недели откако на тренинг ги оштетил лигаментите на левиот глужд, објави Л’Eкип.

Од Баерн потврдиле дека Павар се повредил, но не објавија колку долго ќе биде надвор од теренот.

Павар веројатно ќе го пропушти натпреварот од осминафиналето во ЛШ против Челси на 8. август, а потоа и завршниот турнир на ЛШ во Португалија. Баварците во првиот дуел во Лондон го победија Челси со 3:0 и се на чекор до пласман понатаму.

Доколку обезбедат четвртфинале, Баерн на 14. август во Лисабон ќе се сретне со победникот од дуелот Барселона – Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Тотенхем вложи скоро 400 милиони евра, а на репрезентативната пауза заминува како последен во Премиер лигата

Тотенхем минатата сезона едвај избегна испаѓање од Премиер лигата бидејќи во последниот на…