Дома Фудбал Проблем за Реал, Кепа ќе отсуствува неколку недели

Проблем за Реал, Кепа ќе отсуствува неколку недели

Откако пред почетокот на сезоната се повреди првиот голман, Тибо Куртоа, Кралевите на позајмица го доведоа Кепа Аризабалага од Челзи. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Синоќа се повреди и Кепа, па на мечот против Брага во ЛШ бранеше третиот голман, Андреј Лунин.

„Кралевите“ веќе останаа без Тибо Куртоа до крајот на сезоната, а сега се повреди и Кепа кој ќе паузира три недели.

Шпанецот се повредил на загревањето пред натпреварот против Брага кој се одигра синоќа.

Лунин иако е трета опција брани одлично. Украинецот на уште два натпревара беше на голот на „кралскиот“ клуб и прими само еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан Ристовски ќе игра за нов клуб

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски и официјално се раздели со чешкиот прволигаш …