Дома Фудбал Останато Проблем за ветеранот: Мирко Вучиниќ мора на суд!

Проблем за ветеранот: Мирко Вучиниќ мора на суд!

Црногорскиот ветеран Мирко Вучиниќ кој своето фудбалско име го изгради во Италија ќе мора да седне на обвинителска клупа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вучиниќ е обвинет за затајување данок за сума од 5.8 милиони евра и против него е поднесена тужба од страна на италијанските власти.

Поради целиот случај на Вучиниќ му запленет целиот имот во кој има вила во Рима, две куќи во лече и неколку автомобили. Адвокатот на Црногорецот најави дека ќе се жали на одлуката.

Адвокатот тврди дека Вучиниќ во изминатиот период настапувал во ОАЕ за тимот на Ал-Џезеира и поради тоа не е обврзан да плаќа данок на Италија.

Каков епилог ќе има ќе покаже крајот на судењето, но Вучиниќ ќе мора да се појави пред судот кон крајот на март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …