Дома Трансфер зона Пристигна пред една година сега заминува – Симеоне го пушта својот сонародник

Пристигна пред една година сега заминува – Симеоне го пушта својот сонародник

Во Мадрид на големо се шпекулира за заминување од таборот на „јорганџиите“…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според најновите информации кои пристигнуваат од главниот град на Шпанија, Николас Гаитан е на излезни врати од клубот.

Аргентинецот кој минатата година пристигна од Бенфика не ги задоволи критериумите на Диего Симеоне, па неговото заминување е се поизвесно.

Гаитан не може да одговори на барањата на Симеоне во дефанзивата и тоа е главната причина поради која не игра многу и најверојатно ќе ја промени средината веќе оваа зима, иако сеуште нема информации која би можела да биде негова наредна дестинација.

Неговата цел е да биде на списокот на аргентинскиот селектор Сампаоли за Мундијалот во Русија, а јасно е дека од тоа нема да има ништо доколку не го напушти Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…