Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал е избран за најдобар играч на шпанската Ла Лига за месец септември, соопшти синоќа управата на натпреварувањето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јамал постигна три гола на четири натпревари во Ла Лига во септември, два против Џирона и еден против Осасуна, а забележа и асистенција против Виљареал.
По играчот на Барселона следуваа Килијан Мбапе, Игнасио Вилијамс, Џовани Ло Селсо и Карлос Висенте.
Барселона е прва на табелата со 21 бод, со еден пораз.