Дома Фудбал Англија Претседателот на Кардиф: Да се надеваме дека Сала и пилотот некаде чекаат да ги пронајдеме

Претседателот на Кардиф: Да се надеваме дека Сала и пилотот некаде чекаат да ги пронајдеме

Шансите се минимални, скоро и да ги нема но спортскиот свет се надева на чудо и верува дека Емилијано Сала и пилотот Дејв Иботсон може да се појават живи.

Како што е веќе познато авионот со кој патуваше Сала исчезна во понеделникот околу 20:00 часот кога бил остварен последниот контакт со контролната кула.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Истрагата е во тек, но засега конкретни информации освен што се претпоставуваа дека е урнат во водите на Ла Манш нема.

Сега се огласи претседателот на Кардиф Мехмет Далман и тој верува во чудо.

„Не постојат зборови со кои можам да ја искажам мојата тага и тагата на сите во Кардиф за оваа трагедија. Не сакам да верувам дека се ќе заврши трагично, како и сите сакам се да има среќен крај. Мораме да имаме барем малку надеж дека пилотот успеал да го слета авионот на водата и сега некаде се живи и чекаат да ги пронајдеме“, изјави претседателот на Кардиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…