Дома Фудбал Претседателот на Беневенто: За поразите виновна е ВЕШТЕРКАТА!

Претседателот на Беневенто: За поразите виновна е ВЕШТЕРКАТА!

Претседателот на италијанскиот прволигаш Беневенто даде интересна изјава за медиумите.

Овој симпатичен клуб од Италија ги руши сите негативни рекорди на 12 натпревари во Серија А, забелжија исто толку порази, но претседателот на овој клуб Оресте Видорито има поинакво гледиште на целата ситуација.

Беневенто во новата сезона постигна само пет погодоци и прими дури 31.

„Добиваме пофалби од сите страни, но сепак остануваме без бодови. Сето тоа се случува поради лошите надворешни влијание кои се поврзани со овој град…Вештерката. Да, тоа е вистина. Суеверен сум“, изјави Видорито.

Иако на сите им е јасно дека Беневенто ќе испадне од лигата, претседателот има поинакво мислење.

„Една работа е сигурна, ќе останеме во Серија А, ние не се предаваме“, изјави Видорито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвен или само жолт? Стартот на Диоп ги подели мислењата по ремито во Ипсвич

Иса Диоп остана на теренот по стартот врз Џејмс Мекати во ремито 1:1 меѓу Ипсвич и Нотинге…